Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше во емисијата „Детектор“ каде што посочи дека ДИК има доставено мислење дека им се потребни минимум 35 до 50-тина дена за да се подготват за избори.
„Мислењето на ДИК не е е мислење на еден човек таму којшто можеби или можеби не, инклинира или симпатизира одредена партија. Ова мислење не е мислење направено од еден човек, ова мислење врз основа на сите членови на ДИК кој што го имаа состанокот со претседателот Пендаровски. Впрочем и самото мислење почнува вака – „Согласно заклучокот од нашиот заеднички состанок одржан на 13-ти мај 2020 година, а за потребите на организирање и спроведување..“ продолжува натака, а адресирано е до претседателот на државата, појасни Јанушев“.
Јанушев додаде дека сите од ДИК без разлика кој од која партија е предложен, биле кај претседателот на државата, разговарале и заклучиле дека им се потребни 35 до 50-ти дена за да се подготват за избори.
„Ме радува што од СДСМ се вразумуваат и ги прифатија нашите барања дека со глава во ѕид, со уцени, со поставување на ултиматуми, не се постигнува ништо и навистина ми е драго што ретерираат од првичните ставови бидејќи од првиот момент кога заврши лидерската средба она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го соопштивме на јавноста беше дека очекуваме дека сепак ќе се најде начин да се седне и консензуално да се договори датумот за кога ќе се одржат изборите, потенцираше Јанушев, во своето гостување.