Јанушев: Итно да се одвојат 10 милиони евра за заштитна опрема за лекарите

by Fokus

Медицинските работници во ек на пандемија се движат како да сме во нормални услови, истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека има недостаток од визири, ракавици и заштитни маски.

„Бараме итно одвојување на фонд од 10 милиони евра кој ќе биде наменет за набавка на заштитна опрема. Државата да склучи договори со домашните текстилни фабрики кои се соочуваат се откажување на договори за работа и преку нив да се обезбедат 100.000 скафандери, 100.000 визири и 1.000.000 заштитни маски, но и да се направи интервентен увоз на 1.000.000 ракавици. На овој начин ќе се помогне домашната текстилна индустрија, која ќе може да исплати плати, а за лекарите и медицинскиот персонал ќе се обезбеди заштитна опрема по врвен квалитет“, – вели Јанушев.

 

Поврзани новости