675
Генералните секретари на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Николовски и Игор Јанушев на телевизија Телма водеа дебата под секое ниво, по што водителката откако не можеше да ги смири, повика да се прекине преносот и да се пушта џингл додека ситуацијата не се смири.
Николовски и Јанушев зборуваа во исто време, си упаѓаа во збор и гледачите не можеа да ги слушнат нивните ставови.
После краткиот прекин, ситуацијата беше смирена и дебатата продолжи.