142
На првата седница на Владата беа донесени повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции.
Меѓу именувањата е и за Игор Јанушев, кој е избран за нов генерален секретар на Владата.
Јанушев е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” и раководител на Секторите за воздухопловство и за општи работи при Министерството за транспорт и врски. Како пратеник, Јанушев беше шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседател на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.