Јанушев: Дали е вистина дека најпрвин тендерот бил добиен од фирмата „ДИКОР ЦД“, а дури потоа се набавувале машините?

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата повторно упати прашања во врска со добивањето на тендерот на синот на генералниот секретар во Собранието, Цветанка Иванова.

„Дали е вистина дека најпрвин тендерот бил добиен од страна на фирмата „ДИКОР ЦД“, а дури потоа се набавувале машините, што е спротивно на условите и критериумите што ги налага самиот тендер?

Зошто молчат и Владата, СДСМ и Цветанка Иванова, молчат за овој спорен и сомнителен тендер каде што требале да заработат стотици илјади евра на грбот на државата и граѓаните?

Дали обвинителството ќе отвори случај и дали инволвираните ќе сносат одговорност?

Кога планира Владата овој тендер да го раскине и да распише нов?

Ова се прашањата на кои владата треба даде одговори и да не молчи“, истакна Јанушев.

Поврзани новости