Гледам и слушам последниве денови дека (ш)пицнава градоначаничка Данела Арсовска од некои само за неа познати причини решила да зборува за мене и да ме напаѓа.
Во ред, легитимно е тоа и немам ништо против, слободно нека продолжи жената, но за волја на вистината морам да и укажам на некои факти кои очигледно и се непознати, а впрочем и од каде би и биле, пишува на социјалните мрежи поранешниот директор на ЈСП и сегашен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Директор на ЈСП Скопје бев речиси 3 години, на фукцијата стапив во февруари 2015 година, а бев сменет во nоември 2017 година. Така да, ниту сум бил, ниту сум можел да бидам директор на Мицкоски.
Во овој речиси 3 годишен период, финансиските проблеми беа огромен предизвик, но исто така станаа мисловна именка затоа што се работеше! Оставив во наследство модерно и финансиски стабилно јавно претпријатие, што успеавте да го уништите!“
Јавно ја прашувам Данаела Арсовска кои се финансисите резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се споредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да и биде, нека ги погледне и претходните 20-30 години од работењето на ЈСП.
Градоначалничке Данаела Аросвска не е убаво да се расфрлате со паушални и хистерични изјави и да напаѓате без било каков основ, само ја губите и таа минимална поддршка која ја имате, ако воопшто останала таква.
Засукајте ги ракавите и земете нешто да сработите, им го должите тоа на граѓаните. И мислете уште од сега како ќе обезбедите средства за плата за овој месец за вработените во ЈСП, тоа е многу поважно него да се занимавате со мене.
Искрено ви посакувам во овие 3 години што ви остануваат од мандатот да имате дупло подобри резултати од тие што јас ги постигнав во ЈСП Скопје.
А, да – во мое време во ЈСП се земаше плата до 5-ти во месецот и немаше ниту еден штрајк. П.С. – бидејќи не знаете како, прашајте, не е срамота да се побара помош.
П.П.С. – очекувам јавно извинување за клеветите и навредите кон мене … да не мора да одиме по судови – пишува Јанушев.