Јанукович до Зеленски: Не се прави херој, победи ја гордоста и амбициите

by fokus

Многу добро знам дека имаш многу‘советници, но лично ти си должен по секоја цена да го запреш крвопролевањето и да постигнеш мировен договор. Ова се очекува од тебе во Украина, Донбас и Русија, му порача поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович на актуелниот, Володимир Зеленски.

Јанукович вели дека украинскиот народ и западните партнери на Киев би биле благодарни за таквиот чекор.

-Сакам да му се обратам на Владимир Зеленски на претседателски, па дури и малку татковски начин. Владимир Александрович, веројатно сонуваш да станеш вистински херој! Но херојството не е екстравагантно, тоа не е во борењето до последниот Украинец. Тој е во самопожртвуваноста, во победата над сопствената гордост и амбиции заради спасување на животите на луѓето, рече експретседателот.

Виктор Јанукович во февруари 2014 побегна од Украина и во моментов живее во егзил во Русија.

Поврзани новости