Јанкуловски: Меѓународната политика на оваа влада е катастрофална

by Fokus

Екс амбасадорот Звонимир Јанкуловски на денешната панел дискусија „Катастрофална меѓународна политика на Македонија“ зборувајќи за меѓународната политика на актуелната влада рече дека истата е катастрофална.

„Меѓународната политика на оваа влада е катастрофална, немам дилеми околу тоа. Меѓутоа за надворешна политика на оваа влада во основа е фалична во последните 30 години односно дефектна со оглед дека е креирана од луѓе кои едноставно не веруваа во македонската држава од независна македонска држава и своите фрустрации ги пренесоа од Белград во македонската надворешна политика и македонското надворешно политичко претставување. Сето тоа после што се случуваше во основа е реминистенција на она што се случуваше во првите години од создавањето на македонската независна држава, така да последиците денеска ги чувствуваме сите заедно, рече Јанкуловски.

Тој посочи дека во последните 7 години во основа има еден комплетен дилетантизам во поглед на водењето на надворешната политика.

„Но се работи за еден процес кој трае веќе 30 години, сепак во последните 7 години со доаѓањето на власт на оваа влада во основа гледаме еден комплетен дилетантизам во поглед на водењето на надворешната политика и во поглед на остварувањето на целите на надворешната политика, во контекст на заштитат на националните интереси преку надворешно политичко претставување така што едноставен заклучок е дека се работи за нешто што е промовирано во надворешната политика како би рекол не знаење и целосен дилетантизам, кажа екс амбасадорот.

Посочи дека владата нема ниту стратегија, ниту план како да го реализира она што е интерес на Македонија.

Поврзани новости