Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје попознат како Космонаутко во Студио 10 во период на пандемијата, најважно е да се зачува здравјето и среќата. Вели дека стравот се уште постои и дека кај него дозата на страв влијае посвесно. Настојува со музика и песна да се справува полесно со пандемијата.
„Имам одговорност кон тие што им земам брис и кон семејството и сите и таа мала доза на страв малку ми влијае поконцентрирано да ја извршувам должноста. Најважно е да се посветиме на добрите работи, како музиката. Мојот рецепт кај сите е да направам муабет кај сите кај кои одам да земам брис. Секаде каде што може, настојувам да ги опуштам луѓето. ќе направиме муабет и после тој муабет, гледам дека кај луѓето тоа дејствува, но стравот сепак постои“ – вели Јанкуловски.