Невладината организација Зелена лупа информира дека на денешното судење во предметот „Титник“, судот им ги одзел мобилните телефони на обвинетите, со намера да им ги врати на крајот од рочиштето. На тоа се побунила обвинетата екс министерка, Гордана Јанкуловска.
„Шо е ова со телефониве…Шо ќе прајме сега”?.
На ова судијата Осман Шабани и возврати:
“Ќе се навикнете”.
„Од мониторингот на Зелена Лупа, често апелиравме и укажувавме токму за проблемот со мобилните телефони и можеме да кажеме дека оваа појава за овој случај е видена за прв пат и искрено се надеваме дека ќе трае. Обвинетите ќе мора да ја сфатат сериозноста на постапката која се води кон нив . Во Кривичен Суд се оди за покрената кривична постапка, а не за играње игри на мобилните телефони“, велат од Зелена лупа.