745
Министерството за внатрешни работи нема надлежност да прави контрола во џамиите, рече министерката Гордана Јанкуловска, откако поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, побара помош од полицијата за да поврати две џамии во Скопје надвор од контрола на ИВЗ.
– Претпоставувам дека поглаварот на ИВЗ излегува со спектакуларни најави и изјави во контекст на некој евентуален негов реизбор или позиционирање таму кадешто аплицира за позиции – изјави Јанкуловска, додавајќи дека МВР ги презема сите мерки и активности во функција на одрежување на визок степен на национална безбедност.