Јанкулоска за “Таргет и Тврдина”: Имавме постапка која се надевам нема да се повтори никогаш

by fokus

Поранешната министерката Гордана Јанкулоска на денешната јавна седница во Апелација за случајот “Таргет и Тврдина” истакна дека пресудата за овој случај, со која е осудена на 4 години затвор, е куриозитет.

-Имавме една постапка која се надевам друг пат нема да се повтори, истакна екс министерката на почетокот.

Таа не се гонеше за нелегалното прислушување, туку само за уништување на еден од системите за прислушување, па во жалбата го спореше вештачењето за вредноста на опремата.

Истакна дека вештачењето е изготвено од лице без лиценца, како и дека проценетата вредност не е таа која ја кажал тој вештак со оглед дека технологијата во меѓувреме застрела и изгубила на вредност.

Исто така направи и споредба за нејзината одговорност како министер во тој момент, преку илустративен пример.

-Директорот на затворот дава дозвола осудено лице да излезе на викенд. Доколку тогаш тоа лице стори кривично дело, никој не го гони кривично и директорот. Така и јас, не можам да одговарам за одлуката на Комисијаа за уништување на опремата, истакна Јакулоска.

“Таргет-Тврдина“ беше еден од најважни предмети на СЈО. На 29 март 2016 година прво беше отворена истрага „Тврдина“ за уништување на системите за следење на комуникациите во УБК, а на 17 ноември истата година беше отворена и истрагата со кодно име „Таргет“ за масовното прислушување. Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден.

Во обвинението СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20.000 граѓани. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1.541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или вкупно биле следени 5.827 телефонски броја.

В.В.

Поврзани новости