Јанкулоска се занимаваше со „Фокус“, а не со аферата

by Фокус

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како гостин во вечерашните вести на телевизија „Сител“, наместо да ја увери јавноста дека сериозно ќе се истражи аферата која ја откри „Фокус“, односно дека постојат докази кои укажуваат на можна нелегална изработка на пасоши, го навреди медиумот, нарекувајќи го партиско гласило на СДСМ.

– Опозицијата преку нивното партиско гласило се обиде да доведе до одредени нејаснотии, го започна разговорот министерката Јанкуловска.

Министерката додаде и дека до сега немале пријава ниту од Државната изборна комисија ниту, пак, од друго тело дека на изборите било гласано со документи со, како што рече, нелегална содржина. Таа уште еднаш повтори дека македонските пасоши биле едни од најбезбедните документи, а додаде и дека не им недостасувале обрасци потреби за изготвување на патните исправи.

Министерката за аферата говореше со голема доза на иронија, постојано потенцирајќи дека веста се ширела од партиските гласила на опозициската партија.

– Тешко е да се следи логиката на партиските гласила на СДСМ, а тешко и дека јавноста е убедена во она што го објавуваат, заклучи министерката на „слепо“, бидејќи органите на прогонот се уште не ги анализирале доказите кои „Фокус“ им ги достави.

Јанкулоска истакна дека досега не се јавила оштетена страна ниту за исчезнувањето на афис системот, за што исто така неодамна пишуваше „Фокус“.

Иако министерката предвреме ги оспори доказите, сепак напомена дека во секој случај тие стоеле на располагање за секоја аргументирана информација.

Поврзани новости