421
-Како жртва, не сакам на јавна прес-конференција да кажам дали ќе поднесам кривична пријава против некој од опозицијата за тоа што таа го прави, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе поднесе кривична пријава против СДСМ.
Таа додаде дека сите жртви на случајот со прислушувањето, сами ќе одлучат дали ќе поднесат кривични пријави против претставниците на опозицијата, а УБК сите информации со кои располага за потеклото на прислушуваните разговори им ги има предочено на надлежните институции.