На денешното рочиште на кое на екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи им се суди за случајот „Тенк“, покрај адвокатите збор зема и обвинетата Јанкулоска, која реагираше на изработените две вештачења за набавениот мерцедес.
Таа прво изреагира дека ниту таа како обвинета, ниту нејзините бранители немале можност со свои предлози и забелешки да учествуваат во вештачењето кое го нарачало СЈО.
„Постои објективна оправданост и сомнеж во објективноста на вештачењата во однос на политичката кариера на вештакот Тале Герамичиоски и управителот на компанијата која била ангажирана, бидејќи токму во тој период исполнувале високи политички функции како избрани или именувани лица на предлог на СДСМ, а и јас исто така во тој период извршував високи функции во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа барам од судот да го земе во предвид овој објективен сомнеж бидејќи нивниот политички ангажман го загрозува моето право на правично судење – рече Јанкулоска пред судот, при што се повика и на судска пракса од судот за човекови права во Стразбур,
Судијката даде еден час пауза да се произнесе по предлозите поднесени од адвокатите на обвинетите.
В.В.