Јанкулоска по два месеци од породувањето ќе треба да се појави на судење

by fokus
На 29 август, поранешната министерка Гордана Јанкулоска ќе треба да се појави во Кривичниот суд, бидејќи за тогаш е закажано рочиштето за случајот „Тенк“.
Денешното рочиште судијката Добрила Кацарска го одложи бидејќи Јанкулоска се породи пред два дена, а нејзината адвокатка Сања Алексиќ како доказ достави медицинска документација.
На Јанкулоска, поради нејзината бременост, и се суди одвоено, а за овој случај, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра, пресуда веќе добија екс премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поврзани новости