Јанкулоска: Не знаев дека ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушување

by Fokus

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска денеска во свој исказ во Кривичен суд тврдеше дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршена масовна злоупотреба со нелегално прислушување иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК, пренесе Телма.

„Дознав кога СЈО го отвори случајот „Тврдина“, а од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации“, рече Јанкулоска.

За време на исказот, поранешната министерка истакна дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

„Проблемите ги дознав од сведок во оваа судница“, истакна таа и посочи дека УБК била високо самостојна организација во составот на МВР.

Поврзани новости