426
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утринава беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, а после распитот изјави дека ова обвинителство го изгубило кредибилитетот и има активности кога му се потребни на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Додаде дека сепак се јавува на повиците затоа што СЈО е државна институција.
-Специјалното јавно обвинителство работи по налог на Зоран Заев и тоа секогаш се активира по нивните потреби, кусо изјави поранешната министерка.
Од Специјалното јавно обвинителство не соопштија за што Јанкулоска била на распит.