Срѓан Јанковиќ (50), еден од двајцата осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бањско поле, денеска по третпат беше на распит во Вишото јавно обвинителство во Зајечар.
Според изворот на српски Курир, тој бил испрашуван два часа каде, како што дознаваат, цело време го зборувал истото.
– Јанковиќ, како и на претходното сослушување, рече дека не е виновен за убиството на девојчето и дека никогаш во животот не ја видел, ниту тој ден, ниту никогаш порано – вели изворот на Курир и додава:
– Осомничениот само подетално му ги објаснил движењата на обвинителот, односно временските параметри кои се однесуваат на кобниот ден. Кога ја поправа шахтата зошто заедно со Драгијевиќ дојдоа во Бањско поле и колку време останаа таму. Тој кажа и дека застанал покрај депонијата на ова место бидејќи зборувал на телефон.
Како што се дознава, тој детално зборувал за се, како и претходниот пат, дека нема никаква врска со делото и дека не го запознал детето, а не пак да го удри со автомобил.
– Целосно остана на изјавата што ја даде на 4 јуни – вели изворот и додава дека, во врска со тоа, не открил ниту една локација каде би можело да биде телото бидејќи тврди дека не ја ни видел Данка.
Овие зборови за Курир ги потврдил адвокатот на Јанковиќ – Живадин Богдановиќ.
Во оваа прилика се огласи и обвинителството во Зајечар со кусо соопштение.
– Обвинителот на денешното рочиште на осомничениот Срѓан Јанковиќ употреби дополнителни прашања за да ги провери изјавите на неговата одбрана од 4 јуни годинава, а во согласност со состојбата во списите на предметот – наведуваат од Обвинителството.
Девојчето Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор.
По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа и го ставиле телото во багажникот од автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.