388
Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу го именуваше претседателот на Државниот совет, Јанис Сармас за привремен премиер, кој ќе ја води владата до 25 јуни, за кога се закажани новите парламентарни избори, пренесува Ројтерс.
Партијата Нова демократија на поранешниот премиер Киријакос Мицотакис освои 40,8 отсто од гласовите на изборите одржани на 21 мај, но не успеа да обезбеди мнозинство за самостојно формирање влада.
Сириза доби 20,1 отсто од гласовите, а социјалистите ПАСОК-Кинала на Никос Андролакис беа трети со 11,46 отсто од гласовите.
Сите три партии го отфрлија понудениот мандат за формирање влада и се договорија нови избори да се одржат на 25 јуни.