Јаневски: Неопходно е инфраструктурно поврзување со Бугарија!

by Fokus

Tреба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува, директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Во интервју за вчерашното издание на српскиот весник „Политика“, Јаневски се осврнува на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега.

Според него, развојот на туристичката индустрија базира на зелен туризам – еко-туризам и различни облици на рурален туризам, што е огромен потенцијал за Балканот и треба да се промовира како една туристичка дестинација.

-Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на РС Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување авионска линија Софија – Скопје која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија – Охрид, истакнува Јаневски.

Поврзани новости