Министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека е задоволна што новата концепција предизвикала бурни дикусии и разговори.
„Многу сериозни ги сфаќаме сите дадени изјави од сите факулети. Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени. Ќе продолжиме и на терен и ќе работиме на подобрување на истата. За разлика од дел на стручната јавност, веќе добиваме силна поддршка од младите, рече Јаневска за реформите во концепцијата за гимназиско образование, со која предметот Филозофија нема да биде задолжителен предмет, туку изборен, а предметите Логика и Етика ќе бидат целосно отстранети.
Министерката вчера рече дека реформата на гимназиското образование следи по 24 години, и затоа, според неа, не може сега да се бара ништо да не се менува во наставниот план и наставната програма.
„Забелешките што ги слушам не се однесуваат на самата Концепција, туку на наставниот план и програмата, односно на бројот на часови. Дел од наставниците се плашат дека ќе останеле без работа. Гарантирам дека ниту еден единствен наставник нема да остане без работа, рече вчера Јаневска.