Јаневска: Од буџет од 450 милиони евра, МОН не можат да одвојат пари за учебници за средно образование

by Fokus

„Вчера министерот за образование Јетон Шаќири во една реченица ја опиша целата мизерија на власта, тој во телевизиска дебата со мене призна – „Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средно образование“.Ова е срамна изјава од повеќе аспекти. Имено МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, тој е за 8,4% поголем од буџетот за 2022 година, а Шаќири при неговата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати“ рече денеска на прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа напомена дека „од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука прашуваме на што се трошат 450 милиони евра пари кои МОН ги има во буџетот, ако нема пари за учебници?“.

„Признанието е крајно поразително ако се земе во обѕир дека оваа Влада има пари за златни лажици, ф`стаци и бифтеци, за нови службени возила, за прослави на Рамковен договор и годишнина од формирање на Владата, за енормно скап километар автопат, за братот на Артан Груби, за надзор на градежни фирми кои до вчера произведувале долна облека, за оштета за неизграден Клинички центар – 8 милиони евра, дури и за дресирање на магариња“ порача Јаневска.

Поврзани новости