Јаневска: Нема проблем со образованието на директорот на АНБ

by fokus

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека не е најден никаков проблем со образованието на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.

До овој заклучок Јаневска дошла откако го прочитала извештајот на Државниот просветен инспекторат за дипломата на директорот и во кој не видела ништо проблематично.

Јаневска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека освен што го прочитала извештајот, дипломата на Христовски не ја видела, но вели дека немало ни потреба од тоа.

„Да, го побарав извештајот за дипломата на директорот на АНБ и од она што го прочитав навистина нема проблем со неговото образование. Но, ако ме прашате дали ја видов дипломата, не не ја видов, но и нема потреба. Кога одите во банка вие ги оставате своите средства на доверба на банката. Јас како министер морам да имам доверба, особено во инспектори за кои сум слушнала од нивните колеги дека чесно си ја вршат работата. Секаде има луѓе кои подобро или послабо ја вршат работата, и онака како што беше направен записникот, јас не можам да кажам дека таму има некаков проблем“, рече Јаневска.

Поврзани новости