542
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по четири дена болничко лекување во приватната болница „Филип Втори“, во текот на денешниот ден треба да биде вратена во истражниот затвор „Скопје“.
Нејзиното враќање се очекува попладне, бидејќи утрово Јанева се уште беше во приватната клиника. Јанева беше хоспитализирана откако и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба.
Адвокатите на Јанева не одлучиле дали врз основа на болничкиот извештај ќе побараат од судот мерката притвор да ја замени со мерка куќен притвор. Како што велат првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција.