Јанева трет ден не стапнува во СЈО, ако не го оправда отсуството ќе добие отказ

by fokus

Веќе трет ден специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не стапнала во просториите на СЈО. Денеска, се очекува Јанева до СЈО да достави или боледување или да ги информира дека ќе го искористи правото на годишен одмор, бидејќи во спротивно и следува отказ.

Инаку Јанева во понеделникот поднесе оставка која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и штом ќе се избере нејзин заменик. Нејзиниот мандат истекува на 15 септември.

Поврзани новости