Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната сообраниска седница за работата на СЈО се пожали дека судот различно постапува на нејзините барања и на барањата на Основното јавно обвинителство, а апелираше и притворените во случајот „Шпион” да бидат пуштени на слобода.
-Барам сите луѓе опфатени од притвор да се пуштат. Јас не сум за мерката притвор, само кажувам дека е различен пристапот на судот за Обвинителството за организиран криминал и СЈО. Да ви кажам, во преметот Шпион кој го застапуваме пред Апелационен суд има луѓе кои по 4 години се во притвор. Три пати бараме за секој обвинет да се пушти од притвор, Апелација одбива – рече Јанева.
Инаку, Седницата на собраниската Комисија за политички систем на која се расправа за шестмесечниот извештај за работата на СЈО само што продолжи по попладневната пауза беше прекината со уште една пауза да се смират страстите.
Пратениците од владејачкото мнозинство, речиси четири часа денеска можноста за збор од говорница ја искористија за лични напади и етикети врз специјалната обвинителката, па анализата на работењето на обвинителот Марко Зврлевски се уште нема дојдено на ред.