542
Специјалната обвинителка Катица Јанева попладнево испратила ново писмо од притворот со кое ја активира оставката што ја депонираше на 15 јули.
Писмото било рачно напишано, и следува откако денеска собраниската Комисија за избори и именувања едногласно препорача нејзино разрешување.
Според Советот на обвинители, независно дали таа поднела оставка, Собранието ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана со закон.