866
На крајот на рочиштето за случајот “Рекет” поранешната специјална Јавна обвинителка Катица Јанева по наредба на судијката беше изнесена од судница бидејќи дофрли навредливи зборови кон сведокот, обвинителката Лиле Стефанова.
Кога обвинителката заврши со сведочење и тргна да си оди, Јанева недолично извика: “Гомнарка, ороспијо”.
Додека полициската придружба ја изнесуваше од судница, им се сврте на новинарите и рече: “Мачето и го возев, затоа не чинам”, оставајќи ги во прашалници новинарите.
В.В.