Јанева се уште е во болница, наредна недела одлука дали ќе биде пуштена од притвор

by fokus

Здравствената состојба на Катица Јанева се уште е лоша и денеска ќе биде задржана во болница на дополнителни испитувања, изјави адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска за „Фокус“.

-Состојбата на Јанева се уште е лоша, ќе биде задржана и денеска да се направат дополнителни анализи и испитувања. Засега ќе ја почекаме одлуката прво за предлогот со гаранција да се брани од слобода, па потоа ќе одлучиме за евентуални нови предлози, рече Фрчкоска.

Тимот на Јанева одлуката за Јанева да се брани од слобода ја очекува во текот на следната недела.

К.С.

Поврзани новости