Јанева се сретна со обвинителката која апсеше државни функционери во Романија

by Фокус

Специјалната јавна обвиниетлка Катица Јанева денеска во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите оствари средба со главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија – Лаура Кодрута Ковеси.

-На средбата беше разговарано за повеќе теми од интерес на работењето на ова Јавно обвинителство, а воедно беа разменети искуства од аспект на соочување со предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво и потешкотиите со кои се соочуваат институциите при ваквата борба, соопштуваат од Специјалното јавно обвинителство.

Инаку, Лаура Кодурта Ковеси само во 2015 година поднесе 1.250 обвиненија на средно и високо ниво, во кои за корупција се товарат функционери од највисок ранг во Романија. Таа утре ќе учествува на конференција на која ќе се зборува за „ефективна борба против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на систем“. На конферецијата поканети се и Специјалната обвинителка Катица Јанева, како и Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Поврзани новости