Јанева го повлече обвинението за „Сопот“, вели дека нема докази

by fokus

Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за случајот „Сопот“. Како што рече шефицата на СЈО, Катица Јанева, која денеска се појави во судот, нема доволно докази против обвинетите.

Специјалниот јавен обвинител, Бурим Рустеми, рече дека обвинението за тероризам не може да им се припише на обвинетите и дека единствениот доказ е сведочењето на клучниот сведок, кој пак тврдеше дека исказот му бил изнуден од страна на полицијата.

СЈО овој случај лани го презеде од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Случајот „Сопот” е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам.

 

Поврзани новости