Јанева пристигна во Советот на јавни обвинители

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Советот за јавни обвинители за да го презенира извештајот за работата на СЈО. Таа кратко се појави на прес конференцијата на која Специјалното обвинителство за презентираше новата истрага „Трезор“ и потоа рече дека мора да замине поради обврски во Советот.

На влезот на Советот на јавни обвинители, добредојде и посака неговиот претседател, Петар Аневски.

Според законот, Јанева е обрзана на секои шест месеци да доставува извештај и до Советот, но не е законски обврзана и да го презентира и образложува.

Поврзани новости