На денешното рочиште за случајот „Рекет“ почна презентацијата на материјалните докази предложени од одбраната на Катица Јанева.
Во судница беше објавен извадок од една емисија на „1ТВ“, во која гостувала екс специјалната обвинителка Јанева. Таму Јанева, на 29 јануари 2019 година, го оправдува, образложува, домашниот притвор за осомничените во случајот „Империја“.
Одбрана на Јанева, како дел од материјалните докази презентираше и Анкетен лист на обвинетата, каде според нив, нема промена во имотната состојба.
Адвокатот Дељо Кадиев прикажа и извештај од трансакциска сметка за периодот од 1 септември 2018 до 1 септември 2019 година, за која како што објасни дека се гледало дека на таа сметка била уплатувана нејзината плата и имало една уплата од Владата извршена на 5 јули 2019 година, хонорар за учество во судските реформи.
Воедно, беше презентирана и листа на транскрипти кои лицето Лиле Делиџакова (сестра на обвинетата Јанева) ги уплатила во болницата „Систина”, за лекување на нејзиниот татко.
Дел од материјалните докази предложени од Катица Јанева, беа и материјални докази од истрагата за „Империја”, поради што одбраната побара да се исклучи јавноста.
Судијката Васка Николовска – Масевска, го прифати овој предлог и објасни дека до 23 март сите рочишта за „Рекет”, ќе се одвиваат без присуство на јавноста, заради чување на тајноста на овој предмет.
На рочиштето закажено за 23 март, одбраната на Катица Јанева, ќе почне со испитување на сведоци, меѓу кои се предожени и поранешни обвинители од СЈО.