Јанева: Преговарав со Камчев да стане соработник-сведок во нова предистрага

by Фокус

Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници, вели во писмена изјава специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители. Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име – вели Јанева.

Инаку, италијанска Ла Верита денеска објави трет сет на аудио разговори поврзани со случајот „Рекет“, кои покажуваат како во дел од разговорите меѓу првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев се вклучува и Јанева, говорејќи за други обвинители во СЈО и за текот на постапката „Империја“.

Поврзани новости