Јанева: Пак ќе конкурирам за прв човек на СЈО!

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во денешното интервју за весникот „Независен“ вели дека одново би конкурирала за прв човек на СЈО.

– Јас ќе конкурирам доколку се изгласа новиот Закон за јавно обвинителство, односно на конкурсот за избор на специјален јавен обвинител. На тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог-законот. Сметам дека ги исполнувам условите и ќе поднесам документи. Нема да се откажам. Секако, јас не можам да влијаам врз изборот, тоа е работа на Советот на јавни обвинители, вели актуелната шефица на СЈО за Независен.

Јанева вели дека нема намери да влегува во политиката.

Немам политички амбиции. Еднаш кажав дека сакам да бидат градоначалник на Гевгелија, тоа не беше политичка амбиција, туку една граѓанска амбиција. Јас не сум многу политички едуцирана, ниту пак претендирам за такви позиции. Напротив, си ја сакам работата и сè уште мислам дека можам доволно да придонесам за спроведување на правдата, вели Катица Јанева во интервју за весникот „Независен“.

Поврзани новости