497
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на пратеничките прашања, рече дека за да се дознае кој прислушувал, треба да се реши случајот „Пуч“.
-Одговорот кој и на кој начин прислушувал сите знаат дека е во случајот „Пуч“. Ако ме слуша Основниот суд Скопје 1, кој го одложи судењето за случајот „Пуч“ дури за месец ипол, зашто поротник се разболел, нека го презакаже за 1-ви октомври. Спремна сум да дадам воведно излагање, рече Јанева.
Таа додаде дека се надева дека на следното рочиште ќе дојде и единствениот нејзин сведок, поранешниот премиер Никола Груевски.