Откако една недела се криеше од јавноста, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска се појави во СЈО. Таа отсуството го оправда со боледување, кое денеска го затворила.
Јанева ги известила колегите дека од утре ќе доаѓа на работа.
Пред една недела, во понеделникот, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја отвори истрагата „Рекет“, а за чии што потреби беше одземен телефонот на Јанева. Таа засега нема статус на осомничен, односно осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кицеец.
Според сомнежите на Обвинителството, осомничените од бизнисменот Орце Камчев зеле 1,5 милиони евра, а за возврат требало да се издејствува против него да запре кривичниот прогон во случајот „Империја“, или да добие олеснителни околности.
В.В.