Јанева: Ни треба закон за заштита на сведоците

by fokus

Измените на законот за заштита на свиркачите е од есенцијална важност за да ги заштитиме сведоците на Специјалното јавно обвинителство кои сакаат да соработуваат, уште еднаш потенцираше Катица Јанева, денеска во своето обраќање по повод Меѓународниот ден на укажувачите.

– СЈО не отстапува и нема да се откаже од истражувањето на криминалот и корупцијата како институција која е одговорна за својата задача. Не смее да се замолчи и да се затворат очите, потребно е истражување на секој криминал, а граѓаните се свесни дека тоа е нешто од заеднички интерес во кој тие се клучниот дел. Свиркачи беа и обвинетите во случајот „Пуч“ , кои преку своите пресконференции објавија коруптивно и криминално 10-годишно владеење на една партија и одредени фунцкионери, рече обвинителката.

Таа вели дека закон за заштита на сведоците е неопходен за да се охрабрат граѓаните да бидат будни контролори на власта и да се откријат криминалот и злоупотребата на функциите.

 

Поврзани новости