884
Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, нема да присуствува на денешната објава на пресудата за случајот „Рекет“, односно ќе остане дома.
Информацијата за „Фокус“ ја потврди адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев.
При објава на пресуда обвинетите имаат право да не се појават во судница. Сепак таму присутен утрово ќе биде обвинетиот Бојан Јовановски.
Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. На поранешнета шефица на СЈО, Јанева, и се заканува казна затвор над 3 години, а за двете дела за кои се гони Боки 13 е предвидена казна од 1 до 10 години затвор.
В.В.