528
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на презентацијата на ОБСЕ за судските процеси на случаите на Специјалното јавно обвинителство, им забележа на судовите дека моне бавно ги закажува рочишта за предметите на специјалното обвинителство.
– Во септември во судот е закажано само 1 рочиште за „Титаник“. Иако Врховниот Суд нема конкретен рок за одлука сепак мислам дека во случајот „Труст“ ја злоупотреби својата положба и овластување со одлагањето на одлуката за притвор за обвинетите. Тоа им овозможи на Грујевски и Бошковски да добијат инсајдерски информации и да избегаат од државата – рече специјалната обвинителка.