524
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на Канал 5 ја објасни новата истрага „Базни станици“, во која осомничен е Жарко Луковски.
-Жарко Луковски кој со искористување на својата положба како тогашен директор, наместо да организира самите базни станици да ги градат работници од Т-мобиле, тој склучил договор со АД Бетон. На овој начин, наместо една базна станица да чини три илјади евра, чинела повеќе од 9 илјади евра. Оваа злоупотрба на службената положба имплицира оштетување на граѓаните на Македонија, која е сопственик на компанијата со 49 отсто, рече Јанева.