548
Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се соочи со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за случајот „Рекет“ во вторник. Неофицијално, како и останатите досега сослушани, Јанева денеска добила покана како сведок, пишува СДК.
Не се знае дали и кој ќе помине во осомничено лице. Досега се сослушани обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, како и шефицата на Кабинетот на Јанева.
Утре сведочи обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Јосифовска е за давањето времена патна исправа на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев, Стефанова и Рустеми за влијание врз истрагите „Империја“ и „Поштенска банка“.