551
Специјалната обвинителка Катица Јанева во вечерашното интервју на телевизија 24 на прашањето зошто СЈО нема покренато обвиненија против некој член на СДСМ, одговори дека во времето кога биле прислушувани тие не биле на државни функции и во нивните разговори нема индиции за криминални активности.
-Тие не биле функционери кога биле прислушувани. Во нивните разговори нема криминални активности. Има многу приватни разговори. Нема да дозволам мојот интегритет и интегритетот на СЈО да биде нарушен со шпекулации, рече Јанева.