Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, заедно со уште двајца обвинители и еден истражител, утре патуваат во Италија, потврди СЈО за Фокус.
Тие ќе присуствуваат на меморијалот за одбележувањето на 24-годишнината од убиството на сицилијанскиот антимафијашки судија Џовани Фалконе.
Секоја година на 23-ти мај се одбележува годишнина од неговиот атентат и редовно пристуствуваат видни луѓе од Италија и од светот.
Фалконе го нарекуваа „ловец на мафијаши”, а беше истражен судија специјализиран за водење случаи против сицилијанската мафија.Тој беше убиен во 1992 година заедно со сопругата и тројца телохранители во поднетната експлозија под автомобилот.
Фалконе и неговиот соработник, судијатаБорселино станаа познати по судењето кое траеше од 1986 до 1987 година, во кое успеаја да затворат вкупно 475 членови на сицилијанската мафија Коза ностра.