468
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на Канал 5 ја образложи новата истрага „Дизајн“, а се однесува на набавка на двокатните автобуси.
-Се работи за 202 автобуси купени од Владата, осомничени се четири лица, меѓу кои и Миле Јанакиески како министер за транспот и врски. Кога се работи за овие градски автобуси, три пати се објавувале јавни набавки, првите две попаднале. Третата набавка имала посебен услов, да бидат во ретро дизјан и тој услов, спротивно на насоките носел плус 20 бода. На Јутонг му фалел сетификат и не ги исполнувала условите, но бил фаворизиран од спорведувачите на набавката. И покрај поскапата понуда, Јутонг победил на набавката.