Лицата кои Специјалното јавно обвинителство ќе ги повика како осомничени или како сведоци, нема да можат да ескивираат да седнат на распит пред тимот на Катица Јанева.
По две недоаѓања на распит, третиот пат повиканите ќе мора да дојдат, инаку СЈО ќе бара судот да издаде налог за присилно приведување, најавуваат од СЈО во изјава за САКАМДАКАЖАМ.
Специјалното обвинителство ќе бара од судот да издава налози за приведување или за лишување од слобода, сеедно дали повиканите се во Македонија или во странство.
Ова следува по информациите дека некои од сведоците во предистражните постапки изјавувале дека се на одмор или службен пат, или пак едноставно ги игнорирале поканите.
Инаку, тимот на Јанева продолжува да работи со полна пареа, а како што најавија од понеделник повторно ќе бидат свикани на распит „значајни личности”.