Јанева: Истражуваме финансиски криминал во Чешка, Грција, Британија и Холандија

by Fokus

Истражуваме криминал во повеќе европски земји, меѓу кои Чешка, Грција, Холандија и Велика Британија како можни држави каде се одлеале парите од Македонија, истакна денеска специјалната обвинителка Катица Јанева на настанот за соработка за водење на финансиски истраги со холандската амбасада.

– Имаме контакти со други држави, наши обвинители одеа и на студиски посети. Се надевам дека ќе откриеме дали и каде се одлеале парите или се уште се во Македонија – рече Јанева.

Токму финансиските истраги се најбројните што ги води СЈО, а една од нив е и за проектот „Скопје 2014“.

 – Веќе подолг период го работиме „Скопје 2014“, се надевам дека наскоро ќе излеземе со јавно обвинителска одлука – изјави обвинителката.

 

 

Поврзани новости