Јанева и Мицкоски се сретнале, разговарале за имотот на ВМРО-ДПМНЕ и за поддршка да се продолжи мандатот на СЈО

by fokus

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, изјави дека неодамна имала средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Во вечерашното гостување на 1ТВ таа рече дека со Мицкоски разговарале за предметот „Талир“ кој се води за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и за изградбата на Белата палата. Јанева при тоа побарала и поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на мандатот на СЈО.

-Имав средба со Мицкоски, тој ја побара. Пред Нова Година беше, ноември месец мислам. Разговаравме најмногу за предметот „Талир“ и за имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорот од моја страна беше кажано дека во однос на продолжување на мандатот бараме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат нашата работа. Мицкоски рече дека не може да влијае на пратениците, но дека ќе разговара со нив. Разговаравме во однос на замрзнувањето на имотот, во тој дел мислам дека му одговорив на прашањата кои ги постави – рече Јанева.

Таа додаде дека со премиерот, Зоран Заев немала чести средби, освен службени и тоа многу ретки.

Поврзани новости