Над триесет новинари, уште повеќе сниматели и фотографи, од државата но и странство, денеска ја исполнија судницата во Кривичниот суд во која треба да стартува судењето за случајот „Рекет“. Меѓу присутните има и претставници од американската амбасада, ОБСЕ, а како јавност присутен е и професорот Светомир Шкариќ.
Судењето требаше да почне во 10 часот, но и по 40 минути се уште не почнува бидејќи доцни спроводот на обвинетиот Бојан Јовановски, кој треба да биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“.
Додека се чека да пристигне Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец смирено чекаа на обвинителна клупа. Јанева одвреме навреме се ладеше со обвинението.
Непосредно по влезот во судница, адвокатите на обвинетите срдечно се поздравија со обвинителката Вилма Русковска, која во судот пристигна со обезбедување.
В.В.